×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово ќе одвои 3 милиони денари за поддршка на здруженија кои ќе даваат социјални услуги

    14.02.2023 13:41 | Оливера Пешевска

    Општина Куманово ќе издвои 3 милиони денари за поддршка на здруженија и правни субјекти, кои се заинтересирани да вршат услуги од социјална заштита за 2023 година.

    Општина Куманово ќе одвои 3 милиони денари за поддршка на здруженија кои ќе даваат социјални услуги

    Повикот ќе трае до 27 февруари, а услугите ќе се однесуваат на лица со попреченост, деца на улица или од социјално загрозени семејства и стари лица.

    „Ова година за првпат Општина Куманово разви социјален план и имаме многу активности кои би сакале да ги поддржиме, почнувајќи од шелтер-центар до деца со посебни потреби. Зависно од организациите кои ќе се јават на повикот ние ќе се прилагодуваме со нашиот социјален план, но онаму каде нашиот план и програмата на невладините организации се поклопуваат тие ќе имаат приоритет“, изјави Александар Крстевски, раководител на општинскиот Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.

    Право на аплицирање за финансиската поддршка имаатздруженија и други правни лица од Куманово, кои вршат работа во давањето на услуги на информирање и упатување, услуги на стручна помош и поддршка, советување, услуги во домот и заедницата, услуги за вон-семејна заштита итн.

       Потребната документација и барањата за аплицирање се јавно објавени,н о за сите недоумици заинтересираните можат да ги контактираат општинските служби.

       Минатата година оваа мерка ја користеле здруженијата, „Инклузива“ и „Порака наша“.