Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од општина Куманово одговараат на пресот на ВМРО-ДПМНЕ, дека сметот кај пругата се чисти два-три пати годишно, иако земјиштето е во надлежност на Македонски железници.
Ние како комунална служба апелираме до граѓаните да бидат совесни и да не фрлаат смет на места кои не се предвидени за тоа, бидејќи од нас зависи во каква животна средина ќе живееме. Што се оденесува до посочената локација спроти маркетот Туш, тоа е во приватна сопственост и таму општината нема ингеренции, иако повеќе пати сме апелирале да се отстрани таа депонија или да се стават реклами за да не биде директно изложено на погледот на граѓаните - вели Верче Лазаревска, раководител на сектор за инспекциски надзор во општина Куманово.
Таа апелира граѓаните да го депонираат сметот каде што треба, за да имаме поубава и поздрава животна средина.