Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општината Куманово планира да овои 1,5 милиони денари за откупување на наградените трудови кои ќе победат на конкурсот за идејни решенија на проекти за изградба на општинската административна зграда, подземна катна гаража и амбиентална архитектура во централно градско подрачје.
Според програмата првата награда ќе изнесува 300 000 денари, втората награда 150 000 денари и третата награда 100 000 денари.
Со оваа Програма се утврдуваат и обезбедуваат средства од Буџетот на Општина Куманово за 2012 година заради реализација на капитални инвестиции во Општина Куманово за кои има потреба од распишување на наградни конкурси за идејни решенија, а со цел за поголема транспарентност на истите, како и обезбедување на средства за обештетување (откуп) на изработени и наградените трудови-стои во објаснувањето по оваа точка за наредната седница на Совет.