×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ќе ги плаќа комуналиите на социјалците

    31.05.2012 15:17 | KumanovoNews

     На 1500 граѓани општината ќе им ги покрива трошоците за вода, а на 890 семејства ќе им се плаќаат сметките за ѓубре.

    Општината ќе ги плаќа комуналиите на социјалците

    Оваа одлука се однесува на стечајците од државните фирми загубари, чиј статус не е решен и на социјалните случаеви кои и онака не плаќаат сметки.

    Врз основа на список добиен од Центарот за социјални работи е утврдено кои лица ќе добијат субвенции за комуналии во висина од 900 денари месечно. Се што е над оваа максимална сума, корисникот ќе мора сам да доплати. Ќе има ажурирање на барањата и ревизија за да не дојде до злоупотреба. Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека на оваа тема се работело шест месеци и дека на ваков начин ќе се спречи блокирање на сметки и присилна наплата со извршители.

     Законот за стечај не донесе правда за овие луѓе и треба да ја исправиме оваа историска грешка. Податоците се земени од Министерството за труд и социјала и е споредено со список на корисниците во ЈП“Водовод“.Тоа е чиста работа. Не ги делиме луѓето на ваши и наши. По некои светски стандарди пресметано е дека еден човек троши по четири кубни метри вода. Се што е над дозволеното ние нема да го плаќаме - рече Дамјановски.

    Советниците на ВМРО - ДПМНЕ гласаа за одлуката, но изразија сомнеж дека со овој потег градоначалникот сака да ја зајакне својата позиција и да добие 5000 гласови плус. Тие обвинија дека  општината и се оддолжува на Лилјана Ѓорѓиевска, стечаен лидер која се појавуваше во рекламните спотови и кампањи на СДСМ.

    Не се спорни социјалците, тоа е супер. Критериумот стечаен работник е спорен. Има стечајни работници кои имаат добри приходи во семејството и не треба нив да им се одобри. Во медиумите стечајката Лилјана спомна дека таа составувала список  и го доставила до општината - кажа Бране Петрушевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

    Граѓаните кои имаат право на вакви субвенции ќе треба да достават барања, да приложат имотен лист и потврда дека поседуваат водомер. Преку овие субвенции ЈП“Водовод“ ќе добие од 10.000.000 до 12.000.000 денари од општината.

    Одлуката е изгласана на денешната седница на Советот, по 5 часовна расправа и надмудрување на советниците.