×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ги награди крводарителите

    14.06.2010 14:37 | KumanovoNews

     Десет крводарители од Куманово, кои дарувале крв над сто пати, добија парични награди од градоначалникот Зоран Дамјановски, по повод Светскиот ден на крводарителите.

    Општината ги награди крводарителите

     Лидерите во крводарителството во градот беа наградени со по 10 илјади денари, поради нивната хуманост и несебичност во дарувањето на крв.

    За прв пат локалната самоуправа во иметео на граѓаните ја изразува својата благодарност кон општинската организација на Црвениот крст на еден ваков начин. Крводарителите кои даруваа крв над 100 пати во изминатите децении за потребите на овој град, но и за целата држава, и им помагаа на оние кои беа соочени со тешкотии и болести заслужуваат многу повеќе. Ова е само еден од начините на кои им се одолжуваме и им посакуваме многу здравје - рече Дамјановски.

      Крводарителите  најавија дека ќе продолжат со својата хуманост, и Истовремено ги повикаа младите здрави луѓе да се вклучат во крводарувањето.

    Најстариот крводарител Рамадан Бајрамовски (76) има над 150 крводрувања и наградата ја прими многу емотивно.