×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ги повика дуќанџиите да го исчистат снегот пред објектите

    15.02.2021 09:15 | KumanovoNews

    Општина Куманово ги повикува сопствениците на фирми да ги исчистат пристапот до нивните објекти, бидејќи тоа е нивна законска обврска.

    Општината ги повика дуќанџиите да го исчистат снегот пред објектите

    „Апелираме на сопствениците на трговските дуќани да го почитуваат законот и да ги исчистат снежните наноси пред влез и излез на дуќанот, бидејќи тоа е нивна законска обврска. Дополнително комуналната инспекција ќе изврши увид во состојбите“, - соопшти вчера Општината.

    Тие ги повикуваат граѓаните, кои ги чистат снежните наноси пред дворните места и тротоарите снегот да го собираат на едно место, наместо да го исфрлаат на улиците, бидејќи создаваат дополнителен проблем во проодноста на улиците и непречено движење на возила.  Собраниот снег ќе го подигнат службите на ЈП „Чистота и зеленило“ по приоритетноста на улиците.

    Исто така од Општината апелираат до граѓаните да внимаваат при учество во сообраќајот, да не ги паркираат своите возила на јавно-прометни површини, на кои што се чисти снег бидејќи дополнително ја отежнуваат работата на службите.