Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во вториот квартал од 2015 година општина Куманово најмногу пари потрошила за програмите на јавните претпријатија, изградба на Затворениот пливачки базен, улици, субвенции за стечајци, одржување на јавно осветлување и слично.
Приходите се реализирани 40 отсто или 280 милиони денари, а расходите се реализирани со 36 отсто или 240 милиони денари.
Од капитални инвестиции влегуваат изградба и реконструкција на улиците, одржување на улиците кое што гледате во полн ек се работи во градот. Изградба на Затворениот базен, како и изградба на дел и реконструкција на некои основни училишта и спортски сали - кажа Ирена Илиевска, раководител на сектор за финансиски прашања во општина Куманово.
Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски вели дека ниту во Куманово, ниту во буџетот нема ништо ново и многу малку е остварено.
И понатаму процентот на реализација на програмите се движи од нула до 20-30 отсто, па дури и тука се прави селекција и се дава приоритет на некои делови од буџетот кои што мислат дека ќе им донесат политички поени, а некои прашања кои што се од интерес на граѓаните се запоставуваат. Се вложува во Затворениот базен, иако има поважни работи за граѓаните - изјави Петковски.
Советниците гласаа за извршувањето на буџетот за вториот квартал, како и за проширување на буџетот со 9000 евра, пари од УНДП кои ќе бидат наменети за проект за образование на Роми и лица со интелектуална попреченост.