×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината учествуваше на семинар за брендирање

    15.05.2012 14:05 | KumanovoNews

     Секретарот на Општината Валентина Алексовска, присуствуваше на дводневен семинар во Измир, Турција на кој се разгледуваа можностите за брендирање на општината.

    Општината учествуваше на семинар за брендирање

     При тоа се сретнала со градоначалникот на Бергама, Мелих Кахраман и разговарале за натамошна соработка на двете општини. Бергама е град со 60.000 жители, кон кој гравитираат 114 села, а значаен е по историјата, трговијата, туризмот и земјоделството. 

    Според Алексовска, секој град треба да има препознатлива карактеристика, по која би се препознавал.

    Куманово е мозаик во кој се вклопени повеќе работи. Препознатливи сме различните култури, мултиетничкото живеење, оригиналните јадења, музиката,  Деновите на комедија, Тамбурашки фестивал и нашите знаменитости. Брендот ќе го градиме врз основа на сите овие карактеристики- објаснува секретарот. 

    Искуствата за брендирање на Куманово ќе се црпат од турските градови Сеферихисар и Адана. Адана има 150 000 жители, а градоначалникот Тунцау Олгун, е со македонско потекло.

     На семинарот имало претставници од Гази Баба, Валандово, Дојран, Берово, Ресен, Велес и Крушево.