Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Според податоците од службите за поддршка на советот, лани советниците разгледале 375 точки, а во 2012 година разгледале 290 точки на дневен ред.
Претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, вели дека бројката на разгледани точки е голема ако се земе во предвид дека советот не заседаваше за време на избори и потоа помина одреден период до негово конституирање.
Сите доставени предлози се ставени на дневен ред и разгледани. Ние во секторот за поддршка на советот немаме точки кои не се разгледани. Извештајот за работа на советот го ценам како добар - објасни Димитриевски.
Тој додаде дека за одредени прашања предлагачите не доставиле предлози за истото да се разгледа на Совет.