×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Организирана прослава на Бадник во населбата Карпош

    06.01.2023 22:42 | KumanovoNews

    Со палење на бадниковиот оган, жителите на населбата Карпош денеска напладне заеднички го прославија Бадник, предвесник на Христовото раѓање.

    Организирана прослава на Бадник во населбата Карпош

    Паричката оваа година се падна кај Стојанче Величковиќ, кој ќе биде новиот кум на празникот.

    „Посакувам добро здравје и бериќет на сите граѓани. Јас од дете доаѓам на оваа традиционалната прослава, мислам дека за првпат и земам лепче, и еве за среќа ми се падна паричката и ќе бидам кум на наредната прослава“, кажа Величковиќ.

     

    На прославата дојдоа гости од градот, а помина со оро и песна и греана ракија.

     

    (Ивана Алексовска)