Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фризерското студио „Нате“, по повод Денот на жената - 8 Март подготви специјални попусти и изненадувања за своите сограѓанки.
Целта е да им го разубави празникот и да им се заблагодари за довербата и поддршката што им ја даваат во текот на годината.
„Жената секогаш треба да е убава и задоволна, а ние го даваме нешиот максимум за да и помогнеме во тоа. Нашата работа е признаена, а квалитетот препознатлив не само во нашиот град туку и пошироко. Затоа ги повикуваме сите наши клиентки и сограѓанки, да дојдат и да изберат квалитена фризура и шминка од специјалната празнична понуда. Празникот 8 Март е само еден ден во годината, а жената во ова турбулентно време треба да најде повеќе време за себе и да си дозволи да биде средена во текот на целата година“, вели сопственичката Наташа Додевска.
Фризерското студио „Нате“ подготвува и специјална понуда за матурантите, пред се на уникатна фризура и шминка. Професионалниот и искусен тим на фризери ги повикуваат матурантите да закажат термин и да се уверат во нивниот квалитет.
Студиото „Нате“ постои од 2001 година, а веќе шест години работи и Академија за фризери, прва во градот, која е лиценцирана од Министерството за образование. Низ оваа академија веќе поминале голем број на ученици и практиканти. За својата работа Наташа Додевска има освоено многу награди, признанија, дипломи и медалји на домашни и меѓународни натпреварувања.
(комерцијален текст)