×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Осмооделенци отидоа на отворениот ден во “Перо Наков“

    21.05.2012 14:09 | KumanovoNews

     Средното економско училиште “Перо Наков“ со програма се претстави пред основците.

    Осмооделенци отидоа на отворениот ден во “Перо Наков“

    На видео бим беа прикажани кабинетите, училниците, работилниците опремени со компјутери кои економското училиште ги поседува. “Перо Наков“ има модерна спортска и фитнес сала. Се емитуваа реклами и филмови кои се изработени од ученици. Од оваа година училиштето воведува две нови насоки и тоа банкарски техничар и техничар за дизајн на облека. Останатите струки кои постојат со години во ова училиште се економски техничар, техничар за трговија и маркетинг, деловен секретар, конфекциски техничар и техничар за обувки.

    Ќе се запознаете и информирате за нашите струки. Мислам дека вистинскиот избор за вас сме ние бидејќи нашите струки нудат сигурно вработување. Ова е првиот чекор, но нема да застанеме тука - рече директорот Момчило Антевски.

    На отворениот ден беа прикажани модели кои ги креирале учениците. Присутните ги погледнаа снимените интервјуа во кои за училиштето говореа Ѕвонко Георгиевски од чевларската фирма Бос Трејд, Христијан Стојчевски, економски новинар во ТВ Алфа, Димитар Ковачевски, доктор на науки, Оливер Илиевски од Шпаркасе банка и други. На настанот присуствуваа голем број основци и наставници.

    Планираме тука да го продолжам своето образование, бидејќи имаме фирма и ќе треба да ја познавам работата со книговодство. Ќе се одлучам за економски техничар. Добро е што се организира отворен ден за да може детално да се информираме - велат Кристијан Денковски и Никола Цветковски, осмооделенци од ОУ“Христијан Карпош“.

    Учениците се пофалија со многу општински и државни награди, учество на саеми со виртуелни компании и слично. Годинава зависно од интересот се очекува да се запишат 9 до 10 нови паралелки.