×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Основците ќе учат до 14 јуни, средношколците до 9 јуни

    31.01.2023 12:48 | KumanovoNews

    Учебната година за учениците од основните училишта ќе заврши на 14 јуни, а за средношколците на 9 јуни, стои во објавата на сајтот на Министерството за образование и наука (МОН). Измената е објавена со Календарите за изменување за организација и работа на основните и јавните средни училишта.

    Основците ќе учат до 14 јуни, средношколците до 9 јуни

    Второто полугодие од наставната 2022/2023 наместо на 18, почна на 23 јануари. Според календарот за работа во образованието, до крајот на учебната година треба да се одработат 180 наставни денови.

    Министерот за образование и наука Јетон Шаќири смета дека целосно ќе се реализира наставната програмата и целосно ќе се реализира сѐ што е предвидено во датумите за државната матура и во делот за предвидените испити од матурата.

    Матурантите ќе полагаат државна матура на 27 мај и 10 јуни, објави Државниот испитен центар (ДИЦ). На 27 мај ќе се полагаат македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература, а на 10 јуни математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија, естетика.