×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Основен суд Куманово има само 18 од потребните 34 судии, годината може да ја заврши како неажурен

    01.09.2023 10:29 | Оливера Пешевска

    Записникот од надзорот на Основен суд Куманово покажува дека  заедно со претседателката во него работат само 18 судии, а по систематизација потребни се 34.  Истовремено, недостасуваат и информатичари и архивари, компјутери, принтери и слично.

    Основен суд Куманово има само 18 од потребните 34 судии,  годината може да ја заврши како неажурен

    Наспроти малиот број судии, пак, има зголемен број на прекршочни предмети и предмети од работен однос, па тековната година судот може да ја заврши со оценката „неажурен“.

    Покрај  кадровските проблеми, при надзорот биле забележани и други неправилности во работењето на  Кумановскиот суд.

    За исклучување и повторно вклучување на судии при распределбата констатирани се забелешки во неколку предмети. Биле дадени објаснувања, а  дел од посочените причини се веќе решени.  На претседателот на судот му се дадени препораки доследно да се следат законските одредби за вклучување и исклучување на судии од АКМИС, а изземањата да ги врши само врз основа на уредно доставено барање за изземање.

    Иако судот има  пет судници со инсталирано и функционално тонско снимање, судиите не сакале да го користат и затоа постојано било наведувано дека системот е нефункционален. Надзорот дал препорака за задолжително користење на тонското снимање при расправите.

    Еден од проблемите е и недостиг на вработени во  Информатичкото одделение во Основниот суд,  кое функционира како посебна организациска единица. Од поранешните тројца вработени,  сега е останат само еден информатичар. На огласите за вработување не се јавувал ниту еден информатичар, а на последниот оглас  единствениот кандидат не го положил писмениот дел од испитот, што е услов за вработување.

    Судската архива, пак, која е сместена во подрумските простории страдаше во пожар на  11 јули годинава и иако увидот е завршен, се уште нема официјални податоци за настаната штета и за тоа што е оштетено од неа во опожарувањето.

    Претседателката на судот изјавила дека дадените насоки за архивата ќе бидат тешки за спроведување,  затоа што има само двајца вработени архивари, па процесот и не може да се одвива бргу.

    Комисијата била информирана од страна на  судот дека има потреба и од  30 компјутери, 20 принтери,  10 нови скенери и принтер  за непечено функционирање.

    Записникот констатирал и дека годишниот распоред за работа на судии и сите измени во распоредот се навремено донесени и се менувани во запазена процедура. Во судот редовно се оддржуваат месечни колегиуми на кои се решаваат тековните проблеми, претседателот на судот редовно врши надзор над работата на нотарите и констатирано е намалување на бројот на нерешени оставински постапки.

    Во поглед на транспарентноста на судот за пофалба е што сите правосилни пресуди се објавуваат анонимизирано на веб страната на судот и судот најмалку еднаш годишно ја информира јавноста за работењето на институцијата  и на судиите.Судот има и лифт и е еден од ретките судови  во државата кој е достапен и  за лицата со посебни потреби.

    Надзорот на Министерството за правда бил извршен во јуни 2023 гоина во Основните судови во Куманово, Берово, Крушево и Кратово. 

    Комисијата за надзор на функционалноста на АКМИС во судовите констатирала дека има нецелосно почитување на законските одредби за исклучување и вклучување како и изземање на судии од АКМИС. Нема доволен број на судии во помалите судови со основна надлежност, има недоволен број на информатичари, недостасува  соодветен архивски простор и  континуирано архивирање на предмети,  а списите се чуваат во подруми. Забележано е и нераспишување на огласи за вработување и унапредувања и покрај добиената согласност од страна на поранешните претседатели, како  и дека тонското снимање главно не функционира.