Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Уште еден километар од патниот правец кон село Длабочица во Старо Нагоричане останува да се расчисти и да биде прооден за патнички возила. Засега оваа делница може да ја користат само товарни возила.
„Вчера се работеше интензивно на терен и остана уште еден километар целосно да биде расчистен патот до село Длабочица од снежни наноси. Екипите се на терен и се очекува во текот на денот патниот правец целосно да биде ставен во функција“, информираат од РЦУК Куманово.
Истовремено се расчистува и патот кон село Мгленце каде теренот е понепристапен, а поради ниските температури и мразот побавно се одвиваат работите.
Надлежните велат дека снежната покривка не е висока, но проблем создаваат снежните наноси на одредени места од лоалните патишта.
За чистењето на делниците е задолжена фирмата ДООЕЛ Борас – Куманово (со УЛТА утоварач).