Оштетени повеќе локални патишта во Старо Нагоричане
Во селата, во општината Старо Нагоричане, пo обилните врнежи во петокот, оштетени се повеќе локални патишта.

Локалната самоуправа презема мерки за нивно санирање и со механизација работи на отстранување на последиците од поплавите.
“Имаше поплави и оштетувања од невремето во општина Старо Нагоричане. Оштетени се повеќе премини на локални земјени патишта и тоа во селата Драгоманце, Добрача, Пузаљка и Коинце. Овие локални патишта веќе се санирани, додека во селата Стрновац, Жегљане, Степанце, Бајловце, Аљинце ќе се интервенира во најбрзо време“ - вели Давор Арсиќ, лице за односи со јавност во општина Старо Нагоричане.
И утре во нашиот регион се очекува променливо облачно време со температури до 2 степени.