×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оштетениот покрив на зградата под итно се отстрани, постои опасност целосно да падне

    27.02.2023 13:41 | Сузана Николиќ

    Силниот ветар што дуваше вчера попладне преврте дел од кровната конструкција на зграда на ул. Народна револуција во Куманово. Инцидентот се случил околу 14 часот, по што била повикана екипа од Противпожарната единица Куманово.

    Оштетениот покрив на зградата под итно се отстрани, постои опасност целосно да падне

    „Во вчерашното невреме подигнат е лимен покрив со површина од околу 50 квадрати. Парчињата кои висеа над зградата, што постоеше опасност да се откинат и да паднат, без исечени од нашите вработени и спуштени на безбедно. Но, проблемот не е решен и станарите ќе треба да ги преземат следните чекори, бидејќи ние вчера само помогнавме да не се случи некоја несреќа иако тоа не е наша работа“, вели командирот на ТППЕ Деан Илиевски.

    Денеска увид извршил инспектор за домување во Општина Куманово, при што било утврдено дека на улицата Народна револуција, бр. 1/3 е оштетен лимен покрив, кој претставува опасност за околината, бидејќи е откорнат од држачите и може да падне.

    „Констатирано е дека зградата нема стамбен домар, нема ни заедница на станарии, со што е прекршен законот. Поради тоа станарите ќе мораат сами да ангажираат фирма или да го поправат кровот, бидејќи постои опасност целосно да падне и да оштети други објекти, автомобили или да повреди луѓе, поради што и одговорноста ќе падне врз нив“, велат од Инспекторатот за домување.

    Ова не прв случај да се откорне покрив на зграда. Пред две години при невреме беа оштетени лимени покриви на  зградите спроти училиштето „Крсте Мисирков“ и над т.н. Скопски дуќани.  Инвеститори се главно самите станари, но граѓаните прашуваат дали некој врши надзор за нивниот квалитет и дава согласност за безбедноста по околината.