Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради киднапирање на гастарбајтерот Фаредин Нуредини (43) од Романовце, во Основниот суд се изречени казните на Љубомир Стојановски (27) од Бабин Дол 10 години затвор, Сељим Асани (23) од Черкеско село 7 години, Шефије Садику (25) од Куманово 2 години и Африм Јусуфи (30) од Куманово на 1,5 година затвор.
Киднапирањето се случи на 23 јули минатата година на местото викано „Менкова колиба„, кога четворицата обвинети го грабнале Нурдини, и побарале 300 иљади евра откуп. Нуредини, кој работи во Белгија критичната вечер бил намамен од поранешната пријателка Садику да се видат на периферијата на градот. Таму го чекале киднаперите, кои со фантомки на главите и вооружени со автоматски пушки го извлекле од неговиот џип, и со селотејп лента му ги врзале рацете и нозете, по што го однеле во куќата на Стојановски во населбата Бабин Дол. Од таму се јавиле на братот на киднапираниот и побрале откуп и се заканиле дека ќе го убијат ако не ги добијат парите. Заложничката драма траела три дена, по што Нуредини успеал да побегне и да го пријави случајот во полиција. При претрес на куќите на осомничените било пронајдено оружјето.
Првообвинетиот Стојановски признал дека учествувал во киднапирањето, бидејќи од затворот во Идризово по телефон му се јавило непознато лице, кое му понудило награда до 10 иљади евра да го киднапира гастрабајтерот и да побара откуп од 300.000 евра. Тој наводно толку пари му должел на извесен Енвер Н. во Белгија. Останатите тројца тврделе дека не се вмешани во грабнувањето.
Нуредини ги отфла информациите дека има долг кон некого во Белгија, а ги препознал каднаперите.