×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Осум дена притвор за Божиновски

    29.09.2014 13:42 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција му одреди 8 дена притвор на Виктор Божиновски, раководител во секторот за правни работи во Општина Куманово, под сомнение дека примил мито за легализaција на дивоградба.

    Осум дена притвор за Божиновски

    Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција раководејќи со предистражната постапка утврди постоење на основано сомнение и во најкус можен рок се собраа сите докази до степен на тврдење дека е сторено кривичното дело. По предлог на јавното обвинителство, на лицето му е одредена мерка - притвор во траење од 8 дена, почнувајќи од 27.09.2014 година- велат од Обвинителството за Kumanovonews.

     Притворениот ќе одговара за кривично дело - примање награда за противзаконито влијание од чл. 359 ст. 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

    Тој минатата недела од граѓанин побарал 1000 евра за да посредува да се укине решение за уривање на доградба од куќа и ветил дека ќе се изврши нејзина легализација.  Сопственикот на објектот откако исплатил 600 евра, случајот го пријавил во полиција. Завчера во угостителски објект во Куманово раководителот е уапсен додека примал  24.000 денари, кои биле криминалистичко технички обработени.