Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Државната изборна комисија (ДИК) не ги прифати приговорите на политичката партија ТМРО, на која кандидат за градоначалник во Старо Нагоричане беше Власте Димковиќ. ТМРО поднесе 7 приговори наведувајќи одредени нерегуларности.
„ДИК ги разгледа приговорите, при што седумте приговори на ТМРО во Старо Нагоричане се отфрлени, бидејќи согласно Член 148 од Изборниот законик не се поднесени преку овластен претставник или лично до архивата на ДИК. Тие се поднесени до општинските изборни комисии, што е спротивно на Изборниот законик, а воедно и не се потпишани од овластен претставник“, стои во образложението.
Поднесените приговори се однесуваа на избирачко место 1.156 во Младо Нагоричане, 1.157, 1.178, 1.182 Челопек, 1.183 во Алгуња, 1.176 во Пелинце и 1.181 во Никуљане.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), Јовановска освои 55,58 отсто или 1.076 гласа, додека Димковиќ 41,89 или 811 гласови.
Во Старо Нагоричане гласаат 3.262 гласачи на 38 избирачки места.