×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Откако го утврдија дневниот ред советниците денеска ќе ја продолжат седницата

    29.04.2021 06:39 | KumanovoNews

    Денеска ќе продолжи 55-тата седница на Советот на Општина Куманово, откако вчера по 5 часа беше утврден дневниот ред.

    Откако го утврдија дневниот ред советниците денеска ќе ја продолжат седницата

     Наместо суштинска расправа советниците изгубија цел ден во долги расправи, препукувања, паузи и поединечно гласања, дали на дневен ред да се најдат новите точки коишто ги предложи опозицијата. На крај ниту една од точките не беше прифатена затоа што советниците од власта сметаат дека опозицијата предлага точки на самата седница наместо на координацијата, за да добие политички поени пред граѓаните.

    Советникот Зоран Петрушевски од ГРОМ побара дневниот ред да се надополни со 8 точки, меѓу кои и смена на претседателката Атина Мургашанска.

    „Ќе дадам кратко образложение, бидејќи во последните 20 години освен мене оваа функција ја вршеле и други луѓе, но ваква состојба, ваков негаторски однос кон советниците, нивниот начин на дискутирање, нивните предлози, нивното целокупно однесување немало“, кажа Петрушевски.

    Мургашанска го обвини дека со предлогот за нејзина смена сака да добие ефтини политички поени без аргументи, бидејќи таа совесно и одговорно си ја извршува работата за што добива признание од поранешните и сегашните колеги советници, политичари, како и граѓаните.

    „Четири години поминавте во овој Совет бавејќи се со мене и со мојата личност, се обидувате да ме девалвирате и ме омаловажувате, се обидувате да ми ги одземете ингеренциите и да ме оневозможите во работата што ми е дадена со устав, закон и подзаконски акти. Правите циркус, се занимавате со се и сешто, а само не со она што ви е работа и обврска да го почитувате Советот“, одговори Мургашанска.

    Со 18 гласа против, 9 за и ниту еден воздражан, не беше усвоена точката да се расправа за смена на Мургашанска.  Нејзините колеги од власта гласа против овој предлог.

    Советниците денеска ќе продолжат со работа од првата точка, по следниов дневен ред:

    1. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2021 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце - Куманово,

    2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп,

    3. Предлог – Одлука за давање на согласност за обезбедување на дополнителни средства од Буџетот на Општина Куманово, за ко-финансирање на градежни активности за реконструкција на поранешен Хотел „СОЛУН“, наменети за засебна сметка на проектот „Заедничка историја и култура - Мост преку границите”,

    4. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2021 година,

    5. Предлог – Одлука за префрлање на вишок на средства од сметката за блок дотации на сметката на основниот Буџет на Општина Куманово за 2021 година,

    6. Предлог – Одлука за определување на крајбрежен појас на Липковска Река во КО Лопате вон г.р. – Општина Куманово за дел кој се наоѓа вон опфат на УПВНМ, м.в. Шамак КО Опае – Општина Липково;

    7. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово - член на Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Толи Зордумис‘‘ – Куманово.