×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Откажани културните настани во Куманово поради Денот на жалост

    13.02.2023 13:30 | Оливера Пешевска

    Откажани се културните настани кои беа закажани за вечерва во Куманово, откако Владата го прогласи Ден на жалоста во спомен на жртвите од разорните земјотреси во Турција и Сирија.

    Откажани културните настани во Куманово поради Денот на жалост

    Во Центар за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва требаше да се одржи концерт на Младинскиот оркестар, по повод денот на виното и љубовта во пресрет на утрешниот празник.

    „Такви се околностите, сочуствуваме со жителите на погодените подрачја и го откажуваме најавениот концерт за вечерва. Се надеваме дека сите заинтересирани најавената програма ќе можат да ја проследат во наредниот период. Датумот за одржување ќе биде дополнително објавен“, изјави Сашо Тодоровски, директор на Центарот за култура.

    Во Занаетчискиот дом, пак, требаше да се оддржи музичка вечер на учениците на Музичко училиште „Панче Пешев“ од Куманово, во организација на Фондацијата за култура и спорт на Општина Куманово.

    „Концертот „Љубов за музиката“ го одложуваме за 21. февруари со почеток во 19 часот“, се вели во соопштението на Фондацијата.