×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Откорнати новите садници на „Октомвриска револуција“

    23.02.2023 10:23 | Сузана Николиќ

    Откорнати се петнaесетина зимзелени садници покрај реката Липковка, на булеварот Октомвриска револуција, кои пред три месеци беа засадени од ЈП „Чистота и зеленило“. 

    Откорнати новите садници на „Октомвриска револуција“

    Непознати сторители вчера попладне ги извадиле дрвцата од земја и ги оставиле во близина на контејнерите.

    Вандализмот го забележеле станарите на зградата, кои беа иницијатори на оваа јавна површина да се подигне дрворед и да се создае зелен појас, кој ќе штити од поплави и ќе придонесе за намалување на загаденоста на воздухот во овој дел на градот.

    „Срамота. Немаме зборови за ова што се случива. Се прашуваме на кого му сметаат садниците?! Убаво се прифатија, завчера од „Чистота„ ги полеваа со вода. Се надевавме дека ќе се оплемени и ќе се уреди овој простор, кој сега е запуштен и не личи на ништо“, револтирани се станарите.

    Од ЈП „Чистота и зеленило“ го осудуваат нецивилизираното однесување на поединци, но велат дека тоа е појава со која постојано се соочуваат, а немаат можност да ја спречат.

    „Ова не прв случај, секојдневно имаме вакви појави и ни се прави голема матерјална штета. Минатата година засадивме над 8000 садници што е невиден рекорд, но дел од садниците се уништени од несовесните граѓани. Повторно апелираме до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите, како и да не ја уништуваат урбаната опрема“, изјави директорот Даниел Стојчевски.

    Тој претспоставува дека оние кои ги корнат младите садници подоцна ги продаваат на пазарите по пониска цена, поради што ги повикува надлежните служби и МВР да преземат посилни контроли за пронаоѓање на крадците.
      
    Станарите ќе го пријават овој вандаски чин во полицијата.