×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отстранет дефектот на главниот цевковод, водоснабдувањето нормализирано и во високите зони

    10.06.2024 12:30 | Оливера Пешевска

    Отстранет е дефектот на доводниот цевковод т.н. бај-пас Ф/500, по што од вчера е нормализирано водоснабдувањето во цело Куманово и приградските населби.

    Отстранет дефектот на главниот цевковод, водоснабдувањето нормализирано и во високите зони

    Од ЈП „Водостопанство“ Кумановско-липковско поле велат дека до Филтер станицата на ЈП „Водовод“ испорачуваат доволни количина на вода за да се задоволат потребите на жителите.

    „По хаваријата што се случи на 22. мај, интензивно се користеше бај-пасот до Филтер станицата затоа што од тука протекуваше почиста вода. И тогаш постоеше пукнатина, но во дадениот момент тоа беше единствено решение. По нормализирање на водоснабдувањето во градот, во договор со надлежните на ЈП „Водовод“, го исклучивме алтернативниот довод и го поправивме. Тој ден беше непријатен за жителите на високите зони кои немаа вода, но мислам дека навреме средивме се, за да овој топлотен бран го поминеме како треба и без недостаток на есенцијалното нешто, како што е водата“, потенцираше Оливер Илиевски, директор на подружницата Кумановско- липковско поле.

    Во петокот жителите на повисоките делови на градот и населбите: “Карпош”, “Иго Тричковиќ”, “Ајдучка чешма”, “Јане Сандански”, “Перо Чичо”, “Железничка станица”, “Черкези”, како и горниот дел од улица “Бајрам Шабани” и околните улици кои гравитираат околу неа, останаа без вода за пиење поради намален дотур на вода до филтер станица од  хидросистемот Глажња-Липково.

    Дотурот на вода до филтер станицата е константен и континуиран, протокот во градската водоводна мрежа е 370 литри во секунда.

    Капацитетите на двете акумулации, Липково и Глажња се исполнети максимално и ова лето ќе има доволно вода и за граѓаните и за земјоделците.

    Надлежните сепак апелираат за рационално трошење на водните ресурси, преработената вода да не се користи за полевање на бавчи, миење дворови или автомобили, полнење на базени.