×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворен е повикот за доделување на Ноемвриска награда на Општина Куманово

    04.10.2022 15:12 | Оливера Пешевска

    Ноемвриската награда- највисокото општествено признание во градот ќе се доделува и годинава по повод 11 Ноември - Денот на ослободувањето на Куманово од фашистичкиот окупатор. По тој повод отворен е повик за предлагање на истакнати поединци, претпријатија, организации, здруженија и заедници кои имаат посебни постигнувања во одделни области.

    Отворен е повикот за доделување на Ноемвриска награда на Општина Куманово

    Предложените кандидати треба да имаат зад себе резултати во работењето и делувањето и посебни остварувања во стопанските и вонстопанските дејности,во текот на едногодишен,но и повеќегодишен период.

    „Критериумот е да достигнувањата се достапни и познати на јавноста до 11 Октомври, авторот на делото да е жител на Куманово, организацијата или здружението да се од Општина Куманово и делото или постигнувањата да се тематски поврзани со Општина Куманово”, истакна Невена Величковска, претседател на Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување на награди и признанија.

    Право на предлагање имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани или поедници. Предлозите за награда треба да се достават во писмена форма, со образложение до комисијата. Конкурсот е отворен до 31 октомври. Наградниот фонд изнесува 100.000 денари и се дели меѓу добитниците. Се доделуваат и благодарници, за што одлучува комисијата.