Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, синоќа беше отворена изложбата на карикатури “Снаа и свекрва“.
Изложбата се состои од педесетина дела од автори од четириесетина земја. “Снаа и свекрва“ е уникатна по тоа што е врзана за вистинска манифестација и поради односот снаа-свекрва е многу популарна.
“Вечерва сме сведоци на едно ново претставување на изложбата во Куманово. Се надеваме дека ќе биде ова еден голем почеток благодарение на Роберт Цветковски. Планираме изложбата тематски да се вклопи во идните одржувања на манифестацијата “Денови на комедија“. Успеавме да се наметнеме со нашиот имиџ и задоволни сме од одзивот. Досега имаме две збирки“ - изјави Стојанче Величковски, авторот и координатор на конкурсот.
Величковски вели дека за оваа година конкурсот ќе биде на тема “Мажот како колатерална штета меѓу снаа и свекрва“. Манифестацијата е возобновена врз основа на народниот обичај кој се реализира на тој начин што сите млади невести, кои што ќе склучат брак помеѓу две тодорови саботи, доаѓале заедно со своите свекрви, на невестинското поклонение за да добијат благослов од свештенослужителите за род, пород, слога и среќа во семејството.