×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата на скулптури од лаванда на Симона Манчева

    04.02.2021 20:35 | KumanovoNews

    Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, денеска беше отворена изложбата на со скулптури од лаванда и друга диворастечка флора на македонската уметница Симона Манчева.

    Отворена изложбата на скулптури од лаванда на Симона Манчева

    Станува збор за специфична изложба и интересен спој на уметноста со природата, нешто ново што можат да видат граѓаните на Куманово.

     „Кога станав член во здружението „Биовита“, сфатив со какви можности располага, односно кои се природни материјали ги има. Дојдов до идеја да направиме проект со скулптури изработени од лаванда, материјали кои се многу достапни. Во овие тешки моменти, лавандата е многу значајна за нашето размислување, перципирање и мислење. Со проектот аплициравме во Министерството за култура, но за жал добивме многу мали одобрени финансии. Не се откажавме, па затоа делата се минијатурни. До крајната фаза на изложбата, проектот траеше 7 месеци. Целта е да ги искористиме природните ресурси кои не опкружуваат, бидејќи уметноста не е само со класични дела. Со лавандата добиваме побрзо развивање и поспокоен живот,“ појасни таа.

    Симона има завршено магистерски студии на Факулетот за ликовни уметности во Скопје, но потоа се враќа да живее и работи во Кавадарци.