×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата „Небо“ во Центарот за култура

    21.01.2021 12:01 | KumanovoNews

    Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ - во Куманово денеска беше отворена изложбата на слики „Небо“ на ликовната уметница Јана Јакимовска од Скопје.

    Отворена изложбата „Небо“ во Центарот за култура

    Посетителите можеа да видат 20 дела во техниката акрил на платно - небесни пејзажи работени во последните 3 години.

    „Првите платна ги изработив во 2018 година. Она на што размислував кога ги работев беше универзалоноста на небото и на синилото над нас. Небото е едно за сите нас, што всушност и зборува за тоа колку и да е различно небото во текот на еден ден, колку и да се различни небата над различни градови, тоа е исто небо кое не опкружува сите нас“, - рече авторката Јакимовска, која откри дека изложувањето во Куманово и е посебно драго, затоа што татко и е кумановец, па и таа се чувствува како кумановка.

    Изложбата ја отвори директорот на Центарот на култура Сашо Тодоровски, кој истакна дека и во време на пандемија тие се трудат со почитување на сите мерки да организираат културни настани се со цел кумановската публика да побегне од суровото секојдневие и да ужива во културата. Изложбата ќе биде отворена наредните десетина дена.

     Јакимовска во Куманово изложува по вторпат.

    Јана Јакимовска е вонреден професор на Ликовната академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. До сега има реализирано 18 самостојни и преку 80 групни изложби во земјата и во странство, а во последно време се занимава со мурално сликарство.

    (С.Н.)