Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ отворена е изложбата на уметничка фотографија „Улица 2015“.
На изложбата организирана од Фото кино клуб “Козјак“ изложени се 65 фотографии од автори од земјава, а 12 од нив се наградени. На конкурсот пристигнаа голем број фотографии, по што стручно жири ги избра најдобрите.
Земаа учество членови на Фото сојузот на Република Македонија, како и слободни автори кои се занимаваат со фотографија. Шеесет автори има со 283 дела во дигитална фотографија на тема „Улица“ и 49 автори во слободна тема принт со 214 дела. Поставката ќе стои цела една недела. Успеавме Куманово да биде на мапата на фотографијата и да биде препознатливо по врвна фотографија - изјави Милош Нешковски, член на извршен одбор во “Козјак“.
Претседателот на “Козјак“, Дејан Ангеловски и член на стручно жири вели дека имале добар одзив, при што секој автор можел да учествува со најмногу 8 фотографии.
Жирирањето не беше тешко, но сепак е специфично. Сепак жирирање на принтови се одвиваше во овој простор. Се редат сите фотографии. Реткост е тоа да се види. Членови на жири беа Марјан Јаневски-Шалајко, Зоран Андонов и јас Дејан Ангеловски“ - рече Ангеловски.
Голем број љубители на фотографијата присуствуваа на отварањето на изложбата, при што беше кажано дека Фото кино клуб “Козјак“ е еден од најактивните во Македонија.