×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата „Жената и фотографијата“

    05.03.2021 14:40 | KumanovoNews

    Во фоајето на Центарот за култура “Трајко Прокопиев“, денеска беше отворена изложба на фотографии „Жената и фотографијата“, која по осми пат ја организира Фото клуб Куманово, во чест на Меѓународниот ден на жената - 8 Март.

    Отворена изложбата „Жената и фотографијата“

    На изложбата се поставени 50 фотографии од 50 авторки од државата, кои твореле на две теми: жената и нејзината појава и слободна тема виденa преку објективот на жените автори.

    „Меѓународниот дена на жената е потсетник да запреме, да го согледаме и да го славиме напредокот на жената низ историјата, која сведочи за борбата на храбрите и достоинствени жени, со цел обезбедување на подобра позиција на жената во сите сфери на општеството. Жените преку фотографијата прават вистинска револуција во осознавање на светот, која води кон рушење на поделбите, а со тоа и прифаќање на нови мислења и воспоставување на нови парадигми. Како индивидуи или здружени  во организации жените се борат за еднаквост на можностите, но и за еднаквост во резултатите.  Жената отсекогаш била дел од светот на фотографијата, како муза-инспирација, но и како уметник и автор, која преку фотографии може да дејствува и да инспирира“, изјави Викторија Златковиќ, членка на Фото клуб Куманово.

     Изложбата ќе биде отворена до 17 март.