×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата Жените и фотографијата

    09.03.2023 11:17 | Оливера Пешевска

    Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ синоќа беше отворена изложбата „Жените и фотографијата“ во организација на Фото Клуб Куманово. 

    Отворена изложбата Жените и фотографијата

    На деветотто издание на изложбата се прикажани над 50 дела на фотографки од земјата.

    „Жените преку фотографијата прават вистинска револуција во осознавање на светот која води кон рушење на поделбите, прифаќање на новите мислења и воспоставување на нови парадигми. Како индивидуи но и здружени тие се борат за еднаквост на можностите , но и еднаквост на резултатите“изјави Софија Величковска, претседателка на Фото клуб Куманово.

    На изложбата се  две теми - ставен е акцент на жената, нејзината појава и улога, и слободна тема како простор на интерпретација на светот околу себе, виден преку објективот на жените - автори.

    „Проектирани се личните доживувања на стварноста и феноменот на секојдневнието со разновидни стилски определби но и со исти цели во естетска и емотивна основа на своето творештво,изразувајќи се најмногу на начин кој соодвествува со нивниот сензибилитет. Разновидноста, автентичноста и актуелноста на нивните артистички сфаќања и толкувања, високиот степен на естетска свест ги чини равноправни членовите на ова креативна дејност“, истакна Величковска.

    Оваа година изложбата е збогатена со дела на  ученички од училиштата „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“ од Куманово, кои беа дел од проект кој беше спроведен во нивните училишта.

    Изложбата ќе биде отворена во наредните десет денаОрганзирана е со поддршка на Министерството за култура, Општина Куманово и Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.