Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Центарот за игра и едукација на деца “Сонце и ѕвезди“ е првата детска градинака во градот, која за деца од сите возрасти нуди: месечно згрижување, престој од час, игра, дружење и организирање на родендени.
Со децата ќе работи стручен тим од педагог, психолог и професори по македонски и француски јазик. Покрај секојдневната грижа, воспитување и нега, децата од најмали нозе можат да изучуваат англискиот и француски јазик низ игра.
Ова е оригинален концепт за да допреме до свеста на нашите граѓани. Ќе се занимаваме со повеќе дејности, една од нив е бебиситинг, односно чување на деца од час, со вклучен оброк по желба на родителите или само ужинка ако детето престојува пократок период. Втора дејност ни е учење на странски јазик по желба на родителите. Засега се англиски и француски, но ако има група за некој друг јазик секако дека ние тоа ќе го овозможиме. Од 2 години децата можат да учат странски јазик. Педагог и психолог ќе работат на развивање на математички и логички способности кај децата - вели Дијана Славковиќ, дипломиран професор по француски јазик и сопственик.
Персоналот во “Сонце и ѕвезди“ ќе работи во мали групи и на секое дете ќе му посветат максимално внимание, што не е случај со класичните градинки. Децата згрижени во овој Центар за игра и едукација ќе имаат досие со податоци за нивната здравствена состојба, афинитети, способности, а хигиената ќе биде на највисоко ниво.
Родителите ќе бараме да направат комплетен систематски преглед за да ги знаеме потребите на децата. Секое дете ќе има досие од здравствен аспект, па се до детали за тоа што сака, а што не сака да јаде, дали е алергично. Тоа ќе не направи многу поразлични од другите. Има нешто слично во Скопје, но нашиот начин на работа апсолутно е побогат, и најважно е што работиме од срце, со огромна љубов го средивме просторот и со голема посветеност ќе работиме да ја оправдаме довербата на сите родители кои ќе ни ги остават на чување своите дечиња. Имаме прекрасен простор со многу детски реквизити - објаснува Јасмина Антевска Ивановска, дипломиран професор по македонски јазик и сопственик.
Центарот за игра и едукација “Сонце и ѕвезди“ е лоциран на улица “Питу Гули“ бр.11, во специјално уреден простор за потребите на децата. Засега работи секој работен ден, а родителите пред да ги донесат децата треба да се најават на телефонските броеви 075 43 82 58 или на 077 93 97 92.