×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена сензорна соба во училиштето „Кочо Рацин“ во Куманово

    31.10.2022 13:50 | Оливера Пешевска

    Во Основното училиште „Кочо Рацин“ во населбата „Гоце Делчев“ денеска е отворена сензорна соба. Собата е наменета за учениците со попреченост, и е од голема помош на наставниот кадар и стручниот тим. 

    Отворена сензорна соба во училиштето „Кочо Рацин“ во Куманово

    „Имаме 7 дечиња со кои работат нашите специјални рехабилитатори и едукатори како и образовните асистенти. Се обидуваат да постигнат што повисоки резултати со децата во рамките на нивните можности и способности. Секако дека сензорната соба ќе биде од голема корист во остварувањето на ваквите цели“, кажа директорката на училиштето, Лидија Пешевска.            

    Партнери во опремувањето на просторијате се Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Здружението за промација и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање на услуги на лица со попреченост„Хандимак“. Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е финансиран од Европската Унија.

    „Денеска е отворена 18 сензорна соба, во Куманово трета по ред. Тука ќе можат учениците со попреченост полесно да ја совладуваат зададената училишна материја. Инаку ваквата соба не служи само на децата со попреченост, туку за сите деца кои потешко ја совладуваат наставната програма“, истакна Благица Димитровска, од здружението „Инклузива

    Финансиска поддршка за реализација на проектот даде и Општина Куманово, која се залага за инсклузивност во училиштата. 

    „Наша обврска е да ги подржиме ваквите проекти во континуитет. Во следниот период ќе се обидеме барем сите основни, централни училишта да добијат ваква сензорна соба. Иако сме далеку од стандардите на Запад, сепак сме сигурни дека во соработката со невладиниот сектор и ваквите здруженија ќе успееме да бидеме град кој е суштински инклузивен и кој дава еднакви можности на сите граѓани “, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Сензорната соба ќе ја користат децата со хиперактивно однесување, ученици со аутизам, деца кои имаат проблем со моториката. Во Куманово вакви соби има во основните училишта „11 Октомври“ и „Бајрам Шабани“.