×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Отворени денови“ во Управа за водење на матични книги

    21.01.2014 10:31 | KumanovoNews

    Во подрачната единица на Управата за водење на матични книги во Куманово денеска се оддржуваат “Отворени денови“ и до 15 часот граѓаните ќе можат да се информираат за услугите на оваа институција.

    “Отворени денови“ во Управа за водење на матични книги

    Целта е преку “Отворени денови“ управата  да биде поблиска до граѓаните и потранспарентна, а раководството од Скопје да поразговара со вработените и да им помогне доколку имаат некакви проблеми во работењето.

    Електронскиот матичен регистар како прва фаза е воведен во подрачното одделение Куманово уште на крајот на 2012 година. Тука веќе една година функционира како и во други 11 града во Македонија. Целта на овој матичен регистар е поврзување на сите подрачни одделенија и канцеларии низ Република Македонија за да функционираат меѓусебно. Има повеќе поволности за граѓаните како крајни корисници. Лице родено во Скопје ќе може да вади извод во Битола, Куманово, во сите градови - вели Ашим Зеќировски, директор на Управа за водење на матични книги.

    Од управата објаснуваат дека честопати се случува мајка на новороденче да не поседува извод од матична книга на родени, двајцата родители да немаат извод, мајката да почине, а детето кое веќе е возрасно не е запишано во матична книга на родени и тоа го усложнува процесот за добивање на лични документи.

    Куманово е претпоследен град во кој се организираат “Отворени денови“ во овој циклус. Утре тимот на управата ќе го посети Штип, а на лето се планира посета на останатите канцеларии во помалите градови.