×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворениот градски базен се уште затворен за посетители

    15.07.2021 10:21 | Сузана Николиќ

    Oтворениот градски базен во Куманово се уште не е пуштен во работа иако е средина на јули. Најпосакуваното место за бегство од летните горештини, стои затворено и ја нема намената за која е направено.

    Отворениот градски базен се уште затворен за посетители

    Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат која е причината што градскиот базен не работи. И советниците од опозијата го актуелизираа оваа прашање.

    „Веќе е средина на лето, а отворениот базен не работи и покрај високите температури. Јавно прашувам кога градскиот безен ќе биде достапен за граѓаните “, прашува советничката на ВМРО-ДПМНЕ, Невена Величковска.
     

    Од ЈП „Чистота и зеленило“, кое стопанисува со двата базени велат дека имаат сериозни технички проблеми во инсталацијата и плочките, но интензивно работат на нивно отстранување.

    „Плочките во базенот се одлепени и сега треба целосно да се прелепат заради безбедност на капачите. Не можеме да започнеме со работа додека не го решиме тој проблем. Тоа е голем зафат за кој треба повеќе пари од предвидените за редовното техничко оддржување, а претпријатието не може само одеднаш да ги обезбеди. Затоа работите се одвиваат бавно и се развлекоа“, велат од претпријатието.  

     Од таму најавуваат дека во најскоро време кога ќе ги отстранат недостатоците базенот ќе го пуштат во употреба. Дотогаш препорачуваат граѓаните да се разладуваат во затворениот базен кој е во функција и работи по сите протоколи.

    Отворениот градски базен е омилени место на децата во летниот период и дневно доаѓаа и до 1000 капачи.

    Базенот се со површина од 550 метри квадратни и има 200 лежалки.