„Отворено со катастарот“ повторно во Куманово
11.01.2013 09:42
| KumanovoNews
Средбите со граѓаните во Куманово ќе се одржат 12 и 13 февруари од 9 до 18 часот.
Агенцијата за катастар на недвижности продолжува со акцијата „Отворено со Катастарот“ во чии рамки граѓаните имаат можност да се сретнат со стручните тимови на Агенцијата, со цел да се решат проблемите од областа на катастарот.
Средбите со граѓаните во Куманово ќе се одржат 12 и 13 февруари од 9 до 18 часот.
Дел од активностите на стручните тимови при посетите, ќе бидат насочени и кон поддршка на подрачните одделенија во спроведувањето на новите проекти на катастарот, како што е проектот за дигитализацијата на катастарските планови.