Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Хуманитарното здружение „Мајка“ и Националниот ромски центар денеска отворија Советувалиште за жени и деца жртви на семејно и родово базирано насилство. Објектот се наоѓа на ул. „Моша Пијаде“ во Куманово, на локација која е лесно достапна и пристапна за лица со физичка попреченост.
Советувалиштето ќе ги исполнува стандардите според Инстанбулската конвенција и ќе ги дава следниве услуги: советување и поддршка од социјална работничка, психосоцијално советување и поддршка од психолог/ психотерапевт, правно советување и поддршка, менторство за економско јакнење.
Главна цел на проектот е да се обезбеди психоцоцијална помош и подршка, обезбедена правна помош и обезбедени услови за економско осамостојување, кариерно советување, професионална ориентација и тренинзи за развивање на меки вештини на жените - жртви на насилство. Проектот ќе се спроведува до 30 јуни следната година.
Советувалиштето е во рамките на проектот „Комфор зона за жени“, кое се спроведува во рамките на Регионалнта програма за демократија во Западен Балкан2, финансирана од ЕУ, а ја спроведува УНДП.
Исто така финансиски е подржано и од Општина Куманово.