Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште "Кочо Рацин" одбележа 65 години од своето постоење. По тој повод денеска во училиштето се одржа свечена приредба. Директорот Драгиша Цветковиќ,потсети дека во тековната година се реализирани повеќе проекти, а со тоа се подобрени и резултатите на училиштето.
Оваа година поставивме нови прозорци и врати на објектот и на неколку училници. Правиме максимални напори за подобрување на условите за работа. Според резултатите ние сме третото училиште по успех, а се трудиме да го задржиме тој рејтинг, па и да го надминеме - рече Цветковиќ.
На свеченоста беше прогласен и ученикот на генерецијата, Бојана Величковска која е неколку кратен учесник на натпревари по математика со освоени први, втори и трети места.
Освен оваа, во училиштето до крајот на нделата ќе се реализираат повеќе активности. Во "Кочо Рацин ", настава посетуваат над 1400 ученици.