×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Оваа власт се грижи за лицата со попреченост, кажа Арсовска

    04.12.2020 11:23 | KumanovoNews

    Лицата со попреченост очекуваат и им е потребна поддршка. Секој поединец е посебен и секој заслужува шанса и еднаква можност за остварување на своите права. Оваа власт се грижи за лицата со попреченост, рече на денешната прес-конференција, Александра Арсовска од СДСМ.

    Оваа власт се грижи за лицата со попреченост, кажа Арсовска

    На прес-конференцијата, Арсовска, рече дека почитувањето на различностите и прифаќање на лицата со попреченост како дел од човечката разноликост, борбата против дискриминацијата, целосното и ефективното учество и нивното вклучување во општеството, пристапноста и еднаквите можности, се основните принципи врз кои како одговорна партија тие се залагаат и даваат целосна поддршка во нивното имплементирање.

    „Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост, го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50 % од просечната плата, воведовме право на траен надоместок за родител кој има дете со попреченост кое го остварува родител кој се грижел за детето до неговата 26 годишнавозраст. Сите деца со попреченост се извадени од институциите и се згрижени во групни домови. Ја гарантираме персоналната асистенција и услугата за одмена во домот. Ангажирани се околу 300 образовни и лични асистенти за потребите на учениците со попреченост“, додаде таа.

    Таа потенцираше дека и во Куманово има организации кои се грижат за лицата со попреченост, а тие се тука, заедно со целото општество, да бидат рамо до рамо со нив за да им помогнат.