Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Порастот на трошоците за јуни 2023 во однос на истиот период лани е 9,3 проценти, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.7 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика порастот на индексите на трошоците на животот во јуни 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 13.2 отсто, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 6.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2.0 %, виното за 0.8 %, сирењето и урдата за 0.7 %, лебот и житата, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.5 %, месото, пивото за 0.3 %, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото, жестоките пијалаци за 0.2 %.
Маслото и маснотиите се намалени за 0,8% а млекото за 0,7%.Пониски цени се забележани и кај гасот за домаќинствата за 2,5%.
Благ пад има и вредноста на синдикалната кошничка и покрај порастот на цените за храна и пијалоци.
За јуни таа изнесува 48.543 денари според пресметките на Сојузот на синдикатите на Македонија.