Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Без поголема расправа и некои посебни критики од советниците, денеска не беше изгласан финансискиот извештај на ЈП “Чистота и зеленило“ за период јули - септември лани.
Опозицијата искористи што двајца советници од власта закаснија на седницата, а тројца немаа право да гласаат затоа што се вработени во претпријатието, и со еден глас повеќе го бутна извештајот.
ЈП “Чистота и зеленило“ има негативен тренд во своето финансиско работење. Ова е загрижувачко бидејќи од оваа година почнуваат нови давачки кои што дополнително ќе го оптоварат претпријатието во делот на долговите за ДДВ. Кажавме дека ќе гласаме против и дека сме загрижени за ова барем досега, финансиски позитивно претпријатие - изјави Бране Петрушевски, советник од ВМРО - ДПМНЕ.
Директорот Сашо Петрушевски пред советниците објасни дека ратите за ДДВ не се големи и ЈП “Чистота и зеленило“ ќе ги плаќа без проблеми, иако некои претпријатија од истата дејност во државата барале одложување, поради огромните долгови.