Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Итната медицинска помош во Куманово деновиве биле регистрирани случаи граѓани да се повредат откако ќе паднат на лед направен од водата што истекува од градските фонтани.
Поради ниските температури и честите незгоди на граѓаните службата има зголемен обем на работа и бележи над 20 интервенции дневно.
Имавме случај човек паднал на замрзната вода на фонтаната кај Соколански парк, друг паднал на замрзната вода што капела од стреа. Ниски се температурите и подмрзнуваат улиците. Без разлика дали се повредени луѓето ние мораме да ги проследиме до болница за да се види да не имаат некоја скршеница - велат од Брза помош.
Утрово екипа на Брза помош интервенирала на патот Куманово - Романовце каде имало сообраќајна несреќа, но патниците поминале без посериозни повреди.