×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Пафта - украс од женски колан“ избран за сувенир на Куманово за 2022 година

    04.01.2023 09:13 | Оливера Пешевска

    Јелена Спасовски од Куманово е автор на сувенирот „Пафта - украс од женски колан“ за 2022 година. 

    „Пафта - украс од женски колан“ избран за сувенир на Куманово за 2022 година

    Комисијата на Општина Куманово го избра нејзиното дело за репрезент на градот во конкуренција на уште двајца автори пријавени на конкурсот. Пафта е дел од женски колан од македонска традиционална носија. 

    „Сувенирот ги исполни сите критериуми и елементите на препознатливност. Ја отсликува традицијата и културно-историските, духовни, материјални и природни богатства на Куманово,  прилагоден е за масовно производство и наменет е за туристичка промоција на градот, изработен е од стабилни и еколошки прифатливи материјали“, стои во образложението на прес службата на Општина Куманово.

    Наградениот автор ќе добие хонорар од 30 илјади денари и дополнително 70 илјади денари за изработка на одредена количина на сувенири.   

    Сувенирот на градот се користи за промоција на Куманово пред домашни и странски гости.