×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Паѓаат цените на нафтените деривати

    02.05.2023 15:27 | KumanovoNews

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 28 април 2023 година.

     

    Паѓаат цените на нафтените деривати

    Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,00 ден/лит.

    Малопродажната цена на бензинот Еуеосупер БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит.

    Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

    Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,362 ден/кг и сега ќе изнесува 41,075 ден/кг.

    Од 3 мај 2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    Моторен бензин Еуросупер БС – 95 80,00 (денари/литар)

    Моторен бензин Еуросупер БС – 98 82,00 (денари/литар)

    Дизел гориво Еуросупер БС (Д-Е V) 69,00 (денари/литар)

    Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 68,00 (денари/литар)

    Мазут М-1 НС 41,075 (денари/килограм).