×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пајак возилата се технички исправни и со сите дозволи, се работи за политички притисок, тврди Петрушевски

    29.04.2023 16:41 | Оливера Пешевска

    Нема технички и документациски пропусти кај двете возила на пајак службата, туку проверките се политички мотивирани со цел да се нанесе штета на работењето на јавното претпријатие, тврди директорот на ЈП „Куманово - паркинг“ Сашо Петрушевски, откако МВР излезе со информација дека едно од возилата е неисправно и нема сертификат за употреба на кран за подигање на возила.

    Пајак возилата се технички исправни и со сите дозволи, се работи за политички притисок, тврди Петрушевски

    Директорот денеска на прес-конференција детално објасни како се извршени контролите на двете возила, при што едното добило забрана за користење во рок од 30 дена.

    „На 27 април новото пајак возило е сопрено од инспектор на Државениот инспекорат за транспорт, при што покрај другите документи и дозволи, ни беше побарана и лиценца за работа и транспорт. Такви лиценци се издаваат само за автобуси и транспортни возила, кои вршат превоз на патници. Нашите возила се водат како специјални, бидејќи се од јавен интерес. Во Македонија таква лиценца нема ниту едно пајак возило ни јавно претпријатие кое врши услужна дејност,  бидејќи така е предвидено со закон.  Одземена ни е сообраќајната дозвола на 30 дена. Ние поднесовме жалба до Второстепена комисија и доколку не ни се врати во рок од 8 дена ќе започнеме управна постапка“, кажа Петрушевски.

    Наредниот ден, т.е. вчера на терен го пуштиле старото пајак возило, но веднаш било запрено од сообраќајната полицијата и пратено на технички преглед.

    „При прегледот беше утврдено дека возилото нема сијаличка на регистерската табличка и параметрите на задната кочница не беа според законските прописи. Аномалиите веднаш беа отстранивме и сообраќајната дозвола ни беше вратена. Возилото помина на технички преглед и првиот ден после празниците ќе биде пуштено на терен“, додаде Петрушевски.

    Тој тврди дека возилата се атестирани со сертификати од надлежните служби, ги имаат сите потребни документи, дозволи за безбедно вршење на дејноста. Тој ги повика политичките противници да ги остават да си ја вршат својата работата во интерес на граѓаните.