Пајакот пак во „лов„ на непрописно паркираните коли
28.02.2014 13:07
| KumanovoNews
Денови ќе започене со работа пајак службата во градот.

Од ЈП “Куманово - паркинг“ велат дека откако се изавршило примопредавање на возилото за подигање на возилата нема други пречки пајакот да излезе на улица.
Очекуваме дека од почетокот на март ќе почне да функционира - вели Фадиљ Шабани, директор на ЈП“Куманово - паркинг“.
Пајакот во Куманово не работи скоро три месеци откако пајакот од ЈП “Чистота и зеленило“ премина во надлежност на ЈП “Куманово- паркинг“.