×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пакети со храна и дезинфекциски средства за загрозени семејства во Куманово

    27.03.2020 13:45 | KumanovoNews

     Обезбедени се пакети со прехрамбени продукти, средства за лична хигиена и средства за дезинфекција, информираше градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.

    Пакети со храна и дезинфекциски средства за загрозени семејства во Куманово

     Од страна на „Елида маркет“ од Куманово се обезбедени 100 пакети на прехрамбени продукти, а од страна на фирмата „Бентони“ Куманово се произведени 2000 литри средство за дезинфекција на простории, мебел, кваки и др. за кое општината набави концентрат.

    - Овие пакети ќе бидат дистрибуирани од утре до социјално најзагрозените семејства во градот. Aпелирам на разбирање до граѓаните, ќе се обезбедат во следните денови и дополнителни количини. Да дадеме предност на социјално најзагрозените семејства,- рече градоначалникот Димитриевски.

    Телефоните за контакт во општината за асистенција се: 075 207-126 и 077 719-494.

    Воедно, Општинскиот кризен штаб обезбеди дополнителни заштитни одела и визири за тимовите за дезинфекција и тимовите за асистенција.

    Дел од визирите ќе бидат дадени на користење на Општа болница - Куманово за нивни потреби.