×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Панче Пешев“ настапи во Велико Трново

    29.07.2014 08:25 | KumanovoNews

    Културно - уметничкото друштво “Панче Пешев“ од 18 до 27 јули настапи на Меѓународен фолклорен фестивал во Велико Трново, Бугарија.

    “Панче Пешев“ настапи во Велико Трново

    -  Се претставивме со дел од својата богата културно - уметничка програма, која беше одлично прифатена од тамошната публика. Посебен акцент беше ставен на сочуваната автентична носија како и игрите и песните со кои се претстави друштвото.  Играорците настапија и на Меѓународниот фолклорен фестивал во Разград, каде што престојувавме два дена и во Ласкоец каде одржаа целовечерен концерт, - изјави Мирослав Крстевски, претседател и уметнички раководител на друштвото.

    На фестивалот “Панче Пешев“ ја презентираше и македонската кујна.

     Во Велико Трново гостуваа ансамбли од повеќе земји меѓу кои: Грузија, Египет, Индонезија, Колумбија, Индија, Мексико, Романија  и повеќе друштва од Бугарија.