×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Патната инфраструктура приоритет на Oпштина Старо Нагоричане

    10.03.2025 15:38 | KumanovoNews

    Со пет проекти за патна инфраструктура ќе аплицира Општина Старо Нагоричане на владиниот повик за средства од унгарскиот кредит наменет за локалните самоуправи.

    Патната инфраструктура приоритет на Oпштина Старо Нагоричане

    Приоритет е патот кон селото Добрача, но во план се и пат во викенд населбата во Драгоманце, малата Костенци и Богдановци, месноста викана Дол, како и патот кај оранжериите кај Младо Нагоричане.

    „Ќе аплицираме етапно, зависно од средствата кои ќе ни бидат одобрени, имаме доволно време до крајот на април. Приоритет е дел од пат во должина од 2.200 метри кон селото Добрача, за кој се предвидени 350 илјади евра“, објаснува заменик градоначалникот Бобан Цветановски.

    Проектната документација за овој проект е подготвена, до крајот на неделата ќе биде поднесена првата апликација.

    На првиот јавен повик на Владата за ова општина беа одобрени два проекти- за пат кон малото Пиленац веќе е потпишан договор со „КООП Инженеринг“ од Куманово, но вредноста на овој договор не е јавно објавен. Тендерот за асфалтирање на локалниот пат кон манастирот Забел е поништен и се очекува повторно започнување на постапката.