×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Патронажна служба од ученици за лица со посебни потреби

    04.12.2014 09:30 | KumanovoNews

    Учениците од медицинската струка во “Наце Буѓони“, по Нова година ќе оформат патронажна служба за лицата со посеби потреби во Куманово.

    Патронажна служба од ученици за лица со посебни потреби

    “Наце Буѓони“ и Здружението на лица со интелектуална попречност “Порака наша“, потпишаа меморандум за соработка и допрва ќе ги прецизираат деталите за овој проект.

    „Нашите ученици ќе ги посетуваат дома лицата со посебни потреби кои не се сместени во “Порака наша“. Оние што не можат да излезат од дома, а имаат потреба од комуникација. Со почетокот на второто полугодие ќе почнеме со тие активности и сметаме дека ќе биде многу корисно. За нашите ученици тоа ќе биде пракса. Во соработка со “Порака наша“ ќе го направиме планот и ќе ја утврдиме динамиката за работа“ - рече Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.

    Доколку има можност во иднина проектот може да се прошири и да бидат опафтени и старите лица.